Македонија го затвора почесниот кознулат во Барселона

Министерството за надворешни работи и’ предлага на Владата да дискутира дали да биде затворен македонскиот конзулат во Барселона како и предлог за отповикување на почесниот конзул на земјава во Кралството Шпанија, соопшти владината служба за односи со јавноста.

Овој предлог доаѓа во време на политичка криза во Шпанија, но многу е поверојатно дека причина е инцидентот од април годинава, кога почесниот конзул на Македонија во Шпанија, Марио Деус, беше обвинет дека ги убил своите деца. Во април годинава, шпанските, но и други странски медиуми објавија информација дека тој е уапсен во Јужна Африка, под сомнение за убиство на неговите две деца, тригодишни близнаци.

Сепак, уште не се знае дали причината за ваквиот предлог е обвинувањето против конзулот или незаземање страна во спорот што го имаат Каталонија со централната власт на Шпанија.