Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска на прес конференцијата во Брисел пред почетокот на Самитот на НАТО, изјави дека е постигната согласност Скопје да добие покана да започне преговори за зачленување во НАТО, а ќе се приклучи на Алијансата под новото име Република Северна Македонија кога ќе биде имплементиран Договорот од Преспа.
Иако дел од медиумите пренесоа дека поканата за членство Македонија ќе ја добие утре, всушност според зборовите на Столтенберг, прецизирано е дека овој процес ќе се случи дури откако ќе биде сменето името и успешно ќе биде спроведен Референдумот.
По минатомесечниот историски договор за прашањето за името, се согласивме да го поканиме Скопје да започне преговори за пристапување. Тогаш кога Договорот ќе биде финализиран и имплементиран ќе бидеме во можност да ја поканиме ПЈРМ да стане 30 членка на НАТО под новото име Реублика Северна Македонија, рече Столтенберг.
На Самитот во Букурешт, 2008 година, поканата на НАТО за Македонија беше блокирана од Грција.НАТО се согласи дека земјата треба да добие покана по решавањето на спорот со името.Грција верува дека уставното име на нејзиниот сосед подразбира територијални претензии кон нејзиниот сопствен регион Грчка Македонија.
По ветото, беше поднесена тужба против Грција до Меѓународниот суд на правдата,за користењето на името Поранешна Југословенска Република Македонија како прифатливо решение за влез во НАТО, за што судот пресуди во корист на Македонија. Поради спорот со името Грција исто така го попречи пристапувањето на Македонија во Европската унија.
По одржаниот Самит, тогашните акети покажаа дека 85 отсто од испитаните граѓани се против промена на уставното име како услов за влез во НАТО. По Самитот во 2008 год НАТО, 10 години ја повторуваше одлуката од самитот во Букурешт во 2008 година, слично како и денешната, условена.
Упатуваме покана до поранешната југословенска Република Македонија за членство во НАТО штом ќе се изнајде взаемно прифатливо решение на спорот за името. Оттаму, силно повикуваме на интензивни напори за да се најде решение на спорот. Поттикнуваме натамошни напори за развој на добрососедски односи, пишува во заклучокот број 114 од завршното коминике во кое, во вкупно 139 точки, се содржани заклучоците од самитот кој заврши денес, се најчестите претходни изјави за прием на Македонија во Северноатланската алијанса.
Според досегашните информации, ова ќе биде типичен самит за Македонија што содржи три константи: членство по решение на наметнаниот спор за името со Грција, пресуда од Меѓународниот суд за правда која не се зема в предвид и признание за несебичен придонес од нашата држава во мисиите на НАТО.
За разлика од 2008 во Букурешт кога ни беше побарано да најдеме решение сега директно се бара успешен референдум , како и промена на устав и употреба на името Ерга Омнес.