Македонија е релативно мала земја, но таа им даде лекција по политичка храброст, патриотизам, и учтивост на поголемите земји во Европа. Македонците им одолеалеја на сите притисоци, валкани трикови, заканите лансирани против нив од страна на т.н. меѓународна заедница, преку дипломати и преку мрежата на Џорџ Сорос, вели италијанскиот аналитичар Андреа Гали за Програмата „Гласот на народот“.
Одговарајќи зошто се случува овој жесток притисок за да се дестабилизира Македонија и да се спречат избраните лидери да владеат тој потенцира дека се повеќе и повеќе луѓе надвор од земјата сметаат дека, причината е едноставна – Македонија одбива да ја наведе главата и да прифати наредби однадвор кои ќе ја уништат.
Партијата на Никола Груевски ја доби поддршката од Македонците повторно за наредните години. Поддршката која ја ужива е јасно изразена на изборите и на улиците со најголема демонстрација на поддршка некогаш регистрирана. Но секој пат кога народот ја изразува својата волја, т.н. меѓународна заедница се мешала со ароганција против оваа волја“, истакнува Галии.
Тој наведува дека последниот инструмент кој се користи за таа цел е лидерот на опозицијата Зоран Заев поддржан од страна на „машината за напад” Сорос кои ги финансирал тековните обиди на шарената револуција.
Тоа не помина. Потоа моќна разузнавачка агенција интервенираше со операција без преседан на информации од воено разузнување. Но, дури и тоа не успеа да помине, исткнува Галии.
Тој вели дека треба да се потсетат „слепите лица“ на Балканот, во Европа и пошироко дека Македонија е жртва на терористички операции, т.н. ОНА, уште речиси од почетокот на својата независност.
Некои луѓе кои не знаат ништо за Македонија може да извадат кристално јасен заклучок дека УЧК се користи од 2001 година како средство за да ја принуди Македонија да ја прифати волјата на т.н. меѓународна заедница. Секогаш кога Македонија ќе изрази волја спротивна на желбата на овие моќни групи, се појавува тероризмот. Погледнете го, на пример, она што се случи во 2015 година, истакнува Галии.
Според него, Македонија требало да биде уништена со техниката на меки полицајци – Сорос, и мешањето од страна на амбасадори, како и тешки полицајци – заканата од „тероризам”.
Машината Сорос повикува на ништо помалку од исчезнувањето на Македонија така што ќе биде разделена меѓу другите земји. Ова е сценарио за нови балканските војни. Ако бидат, тие ќе разберат наскоро какво самоубиство ќе им биде нивната илузија, вели Галии.
Италијанскиот експерт и познавач на приликите во Македонија нагласува дека по последните избори, т.н. меѓународната заедница влегла во еден хистеричен напад да го уништи Груевски и организираниот отпор на Македонија.
– Мој силен впечаток е дека ова не е знак на сила, туку на слабост, посочува Галии.
– Ситуацијата во САД, вели Галии драстично се промени со изборите на Доналд Трамп. Од она што го гледам, истата сила и групи кои се борат против Трамп се борат и против Груевски, нагласува Гали.
Одговарајќи на прашањето околу реакцијата на голем број американски конгресмени за можната инволвираност на Сорос и амбасадорот Џес Бејли за ситуацијата во Македонија, италијанскиот аналитичар вели дека „силни гласови во американскиот Конгрес го осудуваат мешањето на Сорос во Македонија и во Албанија“.
Во исто време, машината Сорос повикува на ништо помалку од исчезнувањето на Македонија така што ќе биде разделена меѓу другите земји. Ова е сценарио за нови балканските војни. И никој на Балканот и во Европа не смее да го дозволи тоа. Најпрво од сите, мојата земја Италија, вели Галии за Програмата „Гласот на народот“.
Смета дека отпорот на Македонија не е само спасување на Македонија, туку и на соодветниот дел на континентот.