Македонија има најмал „црн пазар“ со цигари во регионот

Пазарот на цигари во Македонија е стабилен, со најмал „црн пазар“ во регионот (само 2 отсто од вкупниот пазар на цигари)
Исто така државата има стабилна регулаторна рамка. Од јули 2013 се применува десетогодишен календар за зголемување на акцизата на цигарите.

Хрватската компанија ТДР традиционално го користи познатиот македонски ориентален тутун во производството на своите цигари и затоа остварува значаен откуп на македонскиот тутун.

„За разлика од остатокот на регионот, пазарот на цигари во Македонија е стабилен на што најмногу влијаеше фактот што во изминатите седум години немаше раст на акциза. За следниот десетгодишен период е утврден календар и динамиката со која ќе расте акцизата. Таквата стабилност на регулаторното окружување значително придонесува за стабилноста на тутунската индустрија во Македонија,“ изјави претседателот на Управата на ТДР, Мато Задро.

Во Буџетот на Македонија ТДР уплаќа околу 16,3 милиони евра годишно.