![dogovor.jpg-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/dogovor.jpg-500.jpg?resize=500%2C230&ssl=1)
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев, со рушење на преговорите прави непоправлива штета и ја втурнува државата во уште поголема криза.
Тој самиот ги демантираше неговите соросови медиуми, кои ширеа лаги дека премиерот Никола Груевски прифатил техничка влада и повлекување, и дека единствено отворено прашање било периодот на неговото повлекување. Заев самиот изјави дека Груевски не се повлекол. Со ова медиумите финансирани од Сорос уште еднаш покажаа дека лажат и манипулираат.
Познавачите на приликите се едногласни дека со моментната ситуација на државата и’ се закануваат:
- Губење на препораката од Европската унија,
- Назначување на специјален пратеник од ЕУ, што значи дека државата се става во групата земји со безбедносен и политички ризик,
- Изолирање, како и непоправлива економска штета, несигурност за граѓаните, за инвеститорите, кочење на реформите, нетрпеливост и продлабочување на тензијата
Заев, очигледно, игра по нотите по кои му свират и диригираат Љубомир Фрчковски, Сашо Ордановски и Владимир Милчин. Лидерот на опозицијата повлече чекор каков што му го посочија овие тројца. Тој со ова само покажа и докажа дека нема капацитет за политички лидер и дека партијата ја препуштил на Сорос и на нивните лични интереси. Заев со ваквите свои постапки само ја турка државата во уште поголема криза.