Македонија ја пречекува Русија

Македонската женска ракометна репрезентација денеска (17.45) во СРЦ “Кале” ја пречекува селекцијата на Русија во квалификациите за пласман на Европското првенство, годинава во Хрватска и Унгарија.
Избраничките на селекторот Ристо Магдинчев, ќе се обидат да го поправат впечатокот од првиот натпревар со Русинките на гостувањето во Ростов, каде беа убедливо поразени со 36:23
Македонија во овие квалификации е сместена во седмата квалификациска група во која е и репрезентацијата на Германија , против која нашите ракометарки ќе играат во јуни.
Лидер во групата е Русија со 4 бодови од три натпревари, пред Германија, која има 2бода од два натпревари, додека Македонија се уште е без бодови.