Македонија ќе претседава со МААРИ Регионалната иницијатива

Делегација на МВР предводена од заменик министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили учествуваше на Форумот на МААРИ, кој се одржа во Хрватска.

На Форумот учествуваа делегации од Министерствата за внатрешни работи на Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора и Албанија како и претставници на регионални и други организации кои делуваат во оваа област.

На Конференцијата, заменик министерот Ќамили имашe свое кусо обраќање во рамки на заедничката дискусија, истакнувајќи ги заложбите Македонија во борбата против илегалната миграција, злоупотреба на визната либерализација, како и решенијата кои ги спроведува кон бегалците и барателите на азил во Република Македонија.

Притоа, Ќамили ја истакна како врвен приоритет поддршата која Македонија ја дава на МАРРИ Регионалната иницијатива  со седиште во Скопје.

Истовремено на регионалниот Форум, заменик министерот за внатрешни работи го презема од Република Хрватска претседавањето со МАРРИ Регионалната иницијатива, со која Македонија ќе претседава од јуни 2014 до јуни 2015 година, по што ги претстави приоритетите на Република Македонија за време на своето претседавање.