![MAKEDONIJA MINIMALNO PORAZENA](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/05/MAKEDONIJA-MINIMALNO-PORAZENA.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Младата репрезентација на Македонија до 21 година загуби со 1-0 од Португалија во рамките на шестиот круг квалификации за Европското првенство 2015 година.
На националната арена „Филип Втори” нашата селекција одигра добро прво полувреме, создаде неколку добри прилики за гол, но истите не беа искористени. Најзрелата шанса за гол сепак ја имаше репрезентацијата на Португалија преку Тавареш Гомез кој не успеа да реализира удар од белата точка.
Во продолжението од натпреварот силната репрезентација на Португалија преку Тиаго Илори во 63 минута поведе со 1:0. Тоа воедно беше и конечниот епилог од оваа средба. Во самиот финиш од натпреварот неуспешен обид за израмнување на резултатот имаше Фахрудин Ѓурѓевиќ.
Во групата 8, Македонија има скор од една победа , еден нерешен резултат и четири порази.
МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА 0-1 (0-0)
Нацонална арена „Филип втори“. Гледачи: 1.000. Гл. судија: Роберт Роџерс (Ирска). Стрелци: Илори 63’
МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Тошевски, Дамчевски, Блажевски, Зајков, Ашковски, Мицевски, Велкоски (Ѓурѓевиќ 64’), Бабунски (Симоновски 61’), Николов, Радески (Маркоски 46’)
ПОРТУГАЛИЈА: Хозе Са, Илори, Оливеира, Гереиро, Луис Густаво (Мане 57’), Андре Гомеш, Иван Кавалеиро (Пациенциа 46’), Силва, Жоао Марио, Езгајо, Рикардо (Тозе 74’).