Белгиската Влада одобри листа на таканаречени безбедни земји, на која, за оваа година се вбројува и Индија. Покрај Индија на листата се наоѓаат и Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија.
Листата е составена според препораките на Генералната Комисија за бегалци и лица без државјанство.
Една земја се смета за безбедна доколку на нејзината територија во одреден период нема репресија, како што е наведено во Женевската конвенција и не постои ризик доколку индивидуата се врати во земјата за која станува збор.
Процесот за азил е забрзан за граѓаните на овие седум земји, кои сакаат да побараат азил во Белгија.
Откако беше воведена листата на безбедни земји, пред две години во Белгија бројот на баратели на азил од овие седум земји е паднат за 57 отсто.
Во 2011-та годна имало 4,687 баратели на азил од безбедните земји. Оваа бројка паднала на 2, 998 во 2012-та година и 2,005 во 2013-та година.
Одлуките за аликациите за азил на лицата од безбедните земји се донесуваат за 15 работни денови, за разлика од нормалните три месеци.