
Дел од присутните на Мечкин камен во Крушево ја пееја националистичката песна, „Македонија на Македонците“ која често ја пејат навивачките групи. На Мечкин камен денеска е претседателот на Републиката, Ѓорге Иванов.
Додека градоначалникот на Крушево положуваше цвеќе пред споменикот, една група луѓе го проследи тоа со извикување и исвиркување по што почнаа да пејат: Македонија на Македонците, била секогаш и ќе остане, земјо моја знај, ќе те чуваме, сите душмани ќе ги сотреме“.