МАКЕДОНИЈА НА НОЗЕ: 200.000 граѓани покажуваат патриотизам и љубов кон татковината (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

– Двајца поранешни претседатели на Собранието на Република Македонија се обратија пред насобраните поддржувачи на граѓанската иницијатива „За заедника Македонија“ на 32-риот протестен марш во Скопје, кој и вечерва почна пред Владата и заврши пред Парламентот.

Љубиша Георгиевски рече дека дошол со своите 80 години и со сиот свој багаж за да биде поблиску до учесниците на протестниот собир кој го нарече храм на патриотизмот. Предложи да се состави петиција од 150.000 до 300.000 луѓе со која од Европската унија ќе побараат да се огради од тиранската платформа.

sest

– Сакале тие или нејќеле, мора да не евидентираат. Така ние ќе влеземе ако не во Европската унија – во европската историја, рече Георгиевски.

Според него, Македонија е денес на раскрсница и се соочува со подметнување војна. – Ние сме сега на раскрсница. Три години некој сака да ни подметне војна, три години се игра на картата дека ние сме патриоти и ќе загриземе во војна. Е нема. Нема затоа што многу добро знаеме која е разликата меѓу војната и мирот. Мирот е кога децата и внуците ги погребуваат своите татковци и дедовци, а војната е кога татковците и дедовците ги погребуваат своите деца. Затоа нема да не наведат на војна. Но, сепак, мора да сме тука, зашто нашето присуство е војна, рече Георгиевски.

dron-3

Се обрати и поранешниот претседател на Собранието Саво Климовски, според кого 32-риот собир е 32-ра седница на, како што рече, сенародниот парламент на Република Македонија, со една точка на дневен ред – „отфрлање на однапред подготвена во друга земја предавничка и подметната тиранска платформа“.

Половина од сегашните пратеници, рече, доаѓаат од факултетот каде што е тој шеф на Катедрата по уставно право. – Не знам во кого е грешката – во мене или во нив… Ни се пласира предавнички чин  и крајно первертирана теза како да сме крајно недоветни. Удрија по Уставот со кукавичко јајце кое е класична измама што нема да помине… Ако толку им е мила власта и толку се храбри, нека излезат на избори, рече Климовски, нагласувајќи дека Република Македонија е општество на мултинациоанален и мултиконфесионален заеднички живот, не само на Македонците и Албанците, туку и на сите други заедници во државата.

trguu

Според поранешниот спикер на Парламентот, најголемо сквернавење ќе биде ако сегашните пратеници изберат претседател на Собранието заснован на туѓа платформа. Му предложи на Иницијативниот одбор на „Заедничка Македонија“ да предолжи програма со точно дефинирани точки и барања за усвојување од Парламентот.

Богдан Илиевски и Борис Дамовски од иницијативата „За заедничка Македонија“ ги повикаа учесниците да се придружат на маршот и утре зашто, рекоа тие, со енергијата и масовноста ќе дојдат до победа и до исполнување на барањата. Тоа што се уште не е избран претседател на Собранието и не е формирана Влада, рече Илиевски, е благодарение на масовноста низ улиците во земјата.

Еве како беше во дел од останатите градови ширум Македонија:

КУМАНОВО

кумановвооо

kumanovos

ПРИЛЕП

prilep

prilep-2

ВЕЛЕС

veles protest 3

veles protest 4

veles protestt

ГЕВГЕЛИЈА

gevgelija-3

gevgelija zname

gevgelija zname3

СТРУМИЦА

sr-2

sr-1

БИТОЛА

bitola-2

bitola-1

КРИВА ПАЛАНКА

паланка

СВЕТИ НИКОЛЕ

nikole

свети0николе

РАДОВИШ

радовис

ШТИП

strumica

стип-4

стип-3

БЕРОВО

berovo

ПЕХЧЕВО

pehcevo

НОВО СЕЛО

novo selo zzm

БОГДАНЦИ

bogdanci zzm