Македонија на стартот од вториот турнир против Албанија

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва против Албанија го стартува вториот турнир од Европската лига. Почетокот на дуелот е во 19:30 часот, а се игра во СЦ „Борис Трајковски“.

Нашата селекција која лани во ова натпреварување го освои сребрениот медал важи за фаворит.

Во терминот од 17 часот играат Данска и Бугарија, а со евентуален триумф на Бугарија нашата репрезентација ќе има големи шанси за пласман на завршниот турнир во Варна на 1. и 2. јули каде ќе играат четири селекции од двете групи.

Во групата Б од вториот турнир ќе се играат од 18 до 20 јуни. Во оваа група прва е Естонија со 9 бодови, пред Австрија со 6, Белорусија има 3, а Луксембург е без бод.