Со финансиски средства што ги обезбеди Владата, наменети за промоција на македонското извозно земјоделско производство на светските реномирани саеми за храна и вино, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во периодот од денеска до седми февруари ќе го организира настапот на саемот за свежо овошје и зеленчук Фрутлогистика, Берлин – Германија.
Саемот „Фрутлогистика 2014“, (FRUITLOGISTICА 2014 ), Берлин претставува водечки меѓународен саем за свежо овошје и зеленчук, на кој секоја година присуствуваат приближно 2.600 изложувачи и 60.000 посетители од над 130 земји од светот, меѓу кои и глобалните лидери во индустријата за свежи производи и истиот е место за согледување на најновите трендови, како и развој во производството и трговијата на свежо овошје и зеленчук.
Овој специјализиран саем им нуди на сите сектори поврзани со свежо овошје и зеленчук, идеална можност да ги презентираат своите производи од самото нивно производство до точката на продажба, како и идеална можност за остварување на меѓусебен бизнис.
Секторот за маркетинг и квалитет на земјоделските производи, при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во соработка со новоформираното здружение на оператори со свежо овошје и зеленчук – „Викторија“, ја презентираше поддршката за промоција на македонските земјоделски производи што ја овозможува Владата на Република Македонија преку Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. Беше дискутирано и позитивното искуство што го имаа фирмите од учеството на Фрулогистика минатата година и што резултираше со зголемен број на купопродажни договори.Токму ова придонесе и оваа година, интерес за учество на саемот да пројават едни од најголемите фирми во секторот свежо овошје и зеленчук и тоа: Перминдекс, Агролозар, Агро Калем, Жито, ГД Тиквеш, Румко, БаџоКомпани, Туран, Ксенос и Евро Мак.
Минатата година насаемот,покрајголемиотбројнаостварениконтакти,беа склучени новидоговоризаизвознасвежоовошје и зеленчуквоизносод 4,67 милиониевра, сокомпанииодследнитеземји: Холандија, Русија, Словачка, Италија, Украина, Франција, Унгарија, Романија, Шпанија, Алжир, Хрватска, Бугарија, Чешка и Германија.
Со цел што поуспешно претставување на македонските излагачи, обезбедене простор на саемот со големина од 120 м2 на кој ќе биде сместен националниот штанд и кој е дизајниран во насока на препознатливост на нашата земја.