Македонија не е во групата земји кои има потврдени случаи на ебола

Министерството за здравство во однос на соопштението од Светската здравствена организација за преземање вонредни напори за запирање на ширењето на еболата во светски рамки, информираше дека Македонија спаѓа во групата земји кои ниту имаат потенцијални или потврдени случаи на ебола, ниту се граничи со земји во кои се регистрирани вакви случаи.

Имено, за групата земји во која спаѓа РМ важат следните препораки:

– СЗО не препорачува забрана на меѓународни патувања, освен да се почитуваат стандардните препораки за патување во земјите каде веќе има случаи на ебола, како што се избегнување контакт со заболено лице, контакт со диви животни (лилјаци, шумски антилопи, шимпанза). Отпечатени се и флаери со препораки за населението (на македонски, албански и англиски јазик), кои се наменети за патниците на аеродромот Александар Велики, охридскиот аеродром и граничните премини и веќе е започнато делењето на флаерите.

– Почитување на препораките и мерките за сите патници кои патуваат во државите коишто се погодени од случаи на ебола или се под потенцијален ризик, со цел да намалат тие ризици да знаат како да се справат во случај да бидат изложени на потенцијален ризик од заболување со ебола.

– Подготвеност за детектирање и справување на случаите со ебола, што вклучува пристап до квалификувана дијагностичка лабораторија и капацитет да се справуваат со патници кои доаѓаат одобласти заразени со ебола на меѓународните аеродроми или на граничните облсти на лица со непозната фебрилна болест. За таа цел, на аеродромот Александар Велики се поставува и термална камера, како дел од посебните превентивни мерки за заштита на населението, со која почнувајќи од утре наутро ќе се врши 24 часовен мониторинг за детектирање на лицата со покачена температура и други потенцијални симптоми. Исто така е изготвен Протокол за постапување при појава на сомнителен случај.

– Вршење мониторинг на лицата кои биле изложени на ебола и биле во контакт со болно лице и согласно Протоколот, тие лица веднаш се изолираат и се следи нивната здравствена состојба.

Според податоците од Светската здравствена организација, во моментов, болеста е регистрирана во Гвинеа, Сиера Леоне, Либерија и Нигерија. Досега во овие четири земји, каде се заболени 1.711 лица, од кои 932 завршиле со смртен исход.

Со цел навремено информирање на населението за состојбата со ебола во светски рамки и преземање превентивни мерки, посебно за лицата кои патуваат во овие земји, Комисијата за заразни болести претходно ги донесе следните превентивни мерки:

– Избегнување директен контакт со крв или телесни течности на заразени лица или предмети кои може да бидат контаминирани,
– Избегнување близок контакт со диви животни и консумирање месо од диви животни во Африка или Азија,
– Одржување лична хигиена и редовно миење раце,
– Лицата доколку добијат симптоми на болест додека се на патување веднаш да побараат медицинска помош.
– Препорака за сите лица што патувале во ризичните земји е веднаш по враќање во државата доколку имаат некакви симптоми, како што се треска, замор, дијареа за тоа да го информираат својот матичен лекар и да го напоменат патувањето во овие области.

Вирусот на ебола не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе (плунка, урина, фецес) или поретко и преку загадени предмети од секрети од заболени лица. Болеста може да се добие преку директен контакт со крв и други телесни течности од диви животни, како што се мајмуните, шумски антилопи и лилјаци.

Инкубацискиот период на болеста од вториот до 21 ден по експозиција на вирусот, болеста може да почне одеднаш со треска, болки во мускулите, слабост, главоболка и болки во грлото. Во следната фаза болеста се карактеризира со повраќање, дијареа, осип, и нарушена функција на црниот дроб и бубрезите. Додека трае периодот на инкубација болеста не се пренесува на друг, туку по добивање на првите симптоми на заболувањето.

Комисијата за заразни болести редовно ја следи состојбата со тоа заболување и ги презема потребните мерки за навремено и брзо справување при евентуална појава на случај сомнителен на ебола, согласно донесените протоколи за постапување усогласени со Меѓународниот здравствен правилник,