Македонија не се плаши од „рибарите“

Македонската ракометна репрезентација по поразот од Унгарија на стартот од втората фаза на Европското првенство воДанска, денеска ќе му се спротистави на Исланд.

„Црвено – жолтите“ ќе се обидат да стигнат до нови бодови на овој натпревар, но за да го остварат тоа ќе мора да играат поинвентивно во нападот и поцврсто во одбраната.

Предност за македонскиот тим во овој натпревар е тоа што „рибарите” немаат добра одбрана, но затоа ќе мораме брзо да се враќаме од нападот и да го запираме нивното најсилно оружје , брзиот центар, односно контранападите. Се очекува ова да биде натпревар со повеќе голови за Македонија, во однос на претходните натпревари со брза игра на двете страни.

„Ни претстојат два тешки натпревара. Понекогаш очекувањата во Македонија се премногу високи, но сакаме на нашите навивачи да им прикажеме две големи игри за да бидат задоволни. Меѓутоа, ќе ни биде тешко да завршиме на петтото место во конечниот пласман како што успеавме во Србија, изјави македонскиот капитен пред дуелот со Исланд.
Македонија ќе има тешка задача да го одбрани петтото место остварено од претходното Европско првенство во Србија, но со победа над Исланд ќе може да се надева дека ќе се бориме барем за седмото место.