ВИДЕО: Македонија низ очите на туристите

Вчера престижниот британски весник Wаnderlust travel ја смести Македонија на првото место во категоријата „Топ нови дестинации“ што треба да се посетат, а потврдата за убавините на нашата земја доаѓа и од големиот број туристи што веќе ја посетиле.

Порталот Скопје инфо вчера објави едно видео, во кое добро се гледа како изгледа Македонија низ очите на туристите.

Mateusz Kanownik е студент по кинематографија кој има само 20 години. Toj неодамна со своето друштво бил во посета на Македонија.

Вели дека уживал во незаборавните моменти во Скопје и Охрид, а од доживувањата во нашата земја произлегло ова видео.

Доста се зборови погледнете ги овие феноменални три минути: