Заев на денешната средба во Брисел, на која присуствуваат лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, еврокомесарот Јоханес Хан и постојаниот известувач за Република Македонија во ЕП, Иво Вајгл, се бори со сите сили да не се постигне договор затоа што е уплашен од избори и од казната на народот.
Додека трае маратонската средба, за која се претпоставува дека може да се одложи и до полноќ, медиумите кои се продолжена рака на СДСМ и СОРОС се уште поуплашени од се поизвесниот резултат на престојните избори во април, па дополнително го хушкаат. Тие како во договор, речиси истовремено објавуваат текстови, во кои се повторува дека Заев не отстапува од барањата за преодна влада.
Дека Заев прави се за да не се постигне договор тврдат и дипломатски извори. Тие во изјава за Нетпрес, брифираат дека лидерот на најголемата опозициска партија во земјава на средбата во Брисел се однесувал мошне дрско и недолично, а на моменти делувал, како што велат, „нецивилизирано и несериозно“.
Ова е уште една потврда дека Заев се плаши од избори и од казна од народот, кој не ги поддржува деструктивните политики на Заев, кој поради стравот од избори ја држи во заложништво цела држава.