
Македонската ракометна репрезентација триумфира во контролниот натпревр со селкцијата на Црна Гора. Избраниците на селекторот Ивица Обрван на домашен терен во СРЦ Кале славеа со 33:27 (17:16)
Црвено – жолтите не го отворија најдобро натпреварот, дозволија гостите да го контролираат резултатот во првото полувреме, но не и да обезбедат предност на полувремето. Македонија успеа да го сврти резултатот во своја корист и на одморот да замине со минимална предност.
Во вториот дел македонските ракометари само го зголемуваа водството и заслужено стигнаа до победата.
Во македонскиот тим најефикасен беше Кире Лазаров со 9 голови, Манасков постигна 4, додека Димовски, Ојлески и Ангеловски по три пати ја затресоа противничката мрежа. Во тимот на Црна Гора најефикасен беше Шеваљевиќ со 9 голови.
Утре на програмата е мечот меѓу Србија и Црна Гора, додека в недела избраниците на Обрван ќе ги одмерат силите со Србија, која го освои сребрениот медал на претходното Европско првенство.