Квалификацискиот фудбалски натпревар за Европското првенство (ЕП) во 2020 година меѓу Македонија и Полска (20:45 часот, стадион „Тодор Проески“) ќе има и телевизиски пренос, но не на национална телевизија туку на српскиот канал „Спорт клуб“.
Коментарот од тв-пренесот ќе биде на македонски јазик. ТВ-преносот ќе го прави коментаторот Бранко Илиевски на „Спорт клуб 2“.
Во изминатата недела во јавноста силни беа негодувањата околу преносот од фајнал форот во ракомет кој се одржуваше во Келн, Германија. Македонскиот ракометен шампион Вардар вторпат за три години ја освои европската шампионска титула, а гледачите во Македонија се снаоѓаа кој како може за да го изгледа најважниот меч на „црвено-црните“.