
Никој не ни помисли дека на гостувањето кај поранешниот континентален првак Црна Гора може да се направи сензација со подмладениот состав, иако факт е дека и нашите млади ракометарки одиграа доста солидно против големиот фаворит.
Јасно е дека засега Македонија не е конкурентна селекција, но според прикажаното надеж за македонскиот женски репрезентативен ракомет постои.
Во второто квалификациско коло, в сабота, нашата репрезентација во “Кале” ќе ја пречека Хрватска и ќе се обиде, пред домашните навивачи, да направи изненадување.