Македонија престставена на сеам за туризам во Бремен

бремен

Контакти со тур-операторите Kaiser, Urlaub + Reisen и Auto Fischeк кои организираат тури со автобуси и средба со агенцијата Travel to Nature, специјализирана за патувања до дестинации богати со природа, оствари Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) на саемот за туризам Reise Lust во Бремен, Германија.

Агенцијата, како што соопшти денеска, реализира средба и со тур-оператор кој веќе ја нуди Македонија како дел од кружна тура на Балканот – Ikarius Tours.

АППТ прв пат ја претставува туристичката понуда на Македонија на Reise Lust. Саемот се одржува 12-ти пат и е организиран зедно со саемот за храна Fisch & Feines и саемот за кампинг Caravan Bremen, што ја зголемува можноста за претставување на македонската храна и вино и опциите за кампување во Македонија. Како единствен од овој тип, привлече 175 излагачи и 292 ко-излагачи, а само во првите три дена го посетиле вкупно 40.000 гости.

Според Агенцијата, интересот на посетителите за време на саемот во Бремен е фокусиран кон патување со автобуси и организирани групи преку туристички агенции, како и кампување.

– Организаторите на саемот изненадени од проактивноста на Република Македонија и Агенцијата за туризам, ја вклучија македонската туристичка понуда во сите нивни јавни обраќања за време на саемот, информира АППТ.