Кошаркaрската репрезентација на Македонија ги доби противниците во групата за квалификациите за пласман на Европското првенство во Украина во 2015 година. „Црвено – жолтите” ќе играат во Д – група со селкциите на Белгија, Белорусија и Данска.
Противник од шеширот на носители избраниците на новиот селектор Александар Џикиќ ја добија Белгија, додека Белорусија и Данска се послабо рангирани од Македонија.
Според правилата на ФИБА, пласман на ЕП ќе обезбедат победниците во сите групи, како и шест најдобри второпласирани селекции. Квалификациите ќе се одржат од 10-ти до 27-ми август. Покрај домаќинот Украина, учество на првенството наредната година обезбедија уште: Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Украина, Србија, Финска, Грција, Турција и Естонија.
Квалификациски групи:
Група А: Босна и Херцеговина, В. Британија, Исланд,
Група Б: Црна Гора, Израел, Бугарија, Холандија,
Група Ц: Германија, Полска, Австрија, Луксембург,
Група Д: Белгија, Македонија, Белорусија, Данска,
Група Е: Чешка, Грузија, Португалија, Унгарија,
Група Ф: Латвија, Шведска, Словачка, Романија,
Група Г: Италија, Русија, Швајцарија.