Познат е и календарот на натпревари во новиот квалификациски циклус за ЕП 2016 година.
Репрезентацијата на Македонија на самиот старт од квалификациите ќе гостува во Шпанија, а натпреварот ќе се одигра на 8. септември со почеток во 20:45 часот.
Првиот натпревар на домашен терен, нашиот национален тим ќе го одигра на 9. октомри, а пототивник ќе биде најславо рангираната репрезентација во групата “Ц”, Луксембург.
Три дена подоцна, избраниците на Бошко Ѓуровски ќе гостуваат во Украина.
1. коло: Шпанија – Македонија (8. септември 20.45 ч.)
2. коло: Македонија – Луксембург (9. октомври 20.45 ч.)
3. коло: Украина – Македонија (12. октомври 18 ч.)
4. коло: Македонија – Словачка (15. ноември 20.45 ч.)
5. коло: Македонија – Белорусија (27. март 2015 год. 20.45 ч.)
6. коло: Словачка – Македонија (14. јуни 2015 год. 20.45 ч.)
7. коло: Луксембург – Македонија (5. септември 2015 год. 18 ч.)
8. коло: Македонија – Шпанија (8. септември 2015 год 20.45 ч.)
9. коло: Македонија – Украина (9. октомври 2015 год. 20.45 ч.)
10. коло: Белорусија – Македонија (12. октомври 2015 год. 20.45 ч.).