Македонија е регионален рекордер по бројот на пушачи, па така дури 37 отсто од Македонците се страствени љубители на никотинот, покажуваат податоците на Заводот за метрика и евалуација на здравството на Универзитетот во Вашингтон.
Според оваа статистика во Македонија пуши една третина од населението, што е бројка која сериозни загрижува. Од земјите во регионот, Хрватска е зад нас со 31 отсто пушачи, следната позиција ја делат Србија и Црна Гора со 27 отсто популација која активно „ужива“ во никотинската зависност. Словенија е земја од поранешните југословенски републики која може да се пофали со помал процент на пушачи и тоа 24 отсто.
Овие податоци се објавени како дел од серијалот написи за тутунот во знак на одбележување 50 години од издавањето на првиот американски извештај за ризиците од пушење.
„Бидејќи знаеме дека половина од пушачите на крајот ќе имаат сериозни последици по здравјето, значи и раст на смртните случаи“, рекла коавторката на студијата Алан Лопез од Универзитетот во Мелбурн.
Студијата, која ја предводеше Институтот за метрика и евалуација на здравството на Универзитетот во Вашингтон, ги мерела податоците од 187 земји. Најголемите здравствени ризици се јавуваат во земјите во кои најголемито дел од населението пуши, а тоа се Кина, Грција, Ирска, Италија, Јапонија, Кувајт, Кореја, Филипини, Уругвај, Швајцарија и Русија.
Најголем процент на пушачи има во Источен Тимор, со високи 61 отсто, Индонезија со 57 отсто, додека во чекор ги следат Ерменија со 51,5 отсто, Русија со 51 отсто и Кипар со 48 отсто.