Македонија има најдобра аеродромска инфраструктура од сите земји во поранешна Југославија. Светскиот економски форум го објави извештајот Travel & Tourism Competitiveness кој споредува и рангира 141 земја во светот. Извештајот кој се објавува на секои две години споредува 14 точки од кои една е транспортот, пишува еxyuaviation, пренесува Курир.
Во извештајот на 2015 стои дека земјава има најквалитетна аеродромска инфраструктура од сите земји од поранешна СФРЈ ( Босна и Косово не се дел од извештајот).
Македонија е рангирана на 59 место во светот според инфраструктурата на аеродромите со просечна оценка од 4,7 (оценките се движат од 1 за најлошите до 7 за најдобрите земји).
По Македонија е Словенија на 67 место, Црна Гора на 74 и Хрватска на 76 место. Србија падна на листата и сега се наоѓа на 111 место.
Најдобра инфраструктура во светот има аеродромите во Сингапур, потоа Обединетите Арапски Емирати и Хонг Конг.
Неодамна скопскиот аеродром беше прогласен за деветти најдобар во Источна Европа .
Тој беше прогласен и за најдобар аеродром преку кој поминуваат до два милиони патници годишно во 2013 и 2014 година во Европа.
Скопскиот аеродром Александар Велики е со капацитет од 4 милиони патници. Располага со шест моста. Инвестицијата е вредна 110 милиони евраи е пуштен во употреба во 2011 година. Со него стопанисува турската компанија ТАВ.