Македонија со пресврт ја совлада Швајцарија на стартот од квалификациите

Македонската репрезентација до 19 години со победа извојувана со целосен пресврт во вторното полувреме ги започна натпреварите од квалификацискиот турнир за пласман во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство.

На средбата од петтата група чиј домаќин е Скопје, македонските фудбалери ја победија Швајцарија со 2:1 иако на полувремето губеа со 0:1.

 Швајцарците комплетно доминираа во првото полувреме, па преку Филип Угриниќ во 33 минута поведоа со 1:0.

Во вториот дел избраниците на Вујадин Станојковиќ заиграа многу поквалитетно, па во 56 минута преку Трајановски израмнија на 1:1. Само пет минути подоцна беше досуден пенал за домашната селекција кој го реализираше Атанасов за победа на Македонија од 2:1.

Во вториот меч од оваа група Белгија го совлада Лихтенштајн со 3:0. Токму Белгија ќе биде следниот противник на македонските јуниорои во натпреварот кој ќе се игра во сабота (11-ти ноември) од 13 часот на теренот „Петар Милошевски“ крај седиштетот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Во последното трето  коло, Македонија ќе игра против Лихтенштајн на 14-ти ноември.

Пласман во Елитната група ќе обезбедат двете прво пласирани селекции