
Европската ракометна федерација ги објави составите за вториот натпревар меѓу Грција и Македонија од квалификациите за пласман на Европското првенство за две години кое ќе се одржи во Шведска, Норвешка и Австрија.
Во македонскиот состав има две промени и тоа на голманската позиција. На местото на Борко Ристовски и Мартин Томовски, селекторот Раул Гонзалес ги има на располагање голманите на Стразбур и Констанца, Златко Даскалоски и Никола Митревски.
Остатокот од тимот е ист во споредба со првата средба од квалификациите против Турција. Натптреварот меѓу Грција и Македонија се игра денеска во салата во Кожани со почеток во 16 часот.