По деталната анализа од страна на Европската Комисија, Македонија ја доби шестата препорака на ЕК до Советот на ЕУ, за почеток на пристапните преговори, со оценка дека и покрај тешката година и низата сериозни предизвици, политичките критериуми се пресретнуваат на задоволително ниво, со видлив напредок во делот на економските критериуми и со високо ниво на усогласеност на нашето со правото на ЕУ.
Брисел во Извештајот нотира видлив напредок во полето на економските критериуми.
-Македонија продолжи успешно да се опоравува и во 2014 година со задржување на економската стабилност на високо ниво. Земјата е добро напредната во постигнувањето на нивото потребно за функционална пазарна економија, а со натамошното спроведување на структурните реформи, може на среден рок да се справи и со конкурентскиот притисок на пазарот на ЕУ. Во натамошниот период земјата треба да се фокусира на натамошен развој на приватниот сектор, намалување на невработеноста, унапредување на управувањето со јавните финансии и стратешкото планирање, се вели во Заклучоците од Извештајот.
Комисијата останува на ставот дека доколку започнеше со скрининг постапката и дискусија во Советот за Преговарачката рамка на пристапните преговори, ќе се креираше позитивен моментум и како основа за изнаоѓање на решение околу името, пред отварањето на преговорите по поглавја