Македонија тоне во долгови, Владата со ново задолжување од 19,4 милиони евра

нбрм

На официјалната страна на Народна Банка на Република Македонија закажана е аукција на државни хартии од вредност во износ од 1.200.000.000 денари или 19, 4 милиони евра на 7 –ми овој месец .

Доколку се соберат сите задолжувања само во 2019 година и се додаде ова задолжување кое се планира на 7 Мај тогаш вкупното задолжување за првите 5 месеци од годината изнесува огромни 287,4 милиони евра. Претходно владата на 17 –ти минатиот месец се задолжи за  39 милиони евра додека сега за неполн месец повторно ново задолжување од 19, 4 милиони евра.

Експертите сметаат дека ваквиот вид на задолжувања кои не се пропатени со вложувања во инфраструктури и стратешки проекти се опасни за и онака слабата македонска економија. Имено, според експертската јавност Владата континуирано се задолжува додека нема никакви видливи и конкретни проекти каде се трошат огромните средства кои се земаат од задолжувањата. Градежништвото исто така е во пад со што целокупната економија не се движи напред туку напротив уназадува. Така според сите официјални податоци и извештаи Македонија според економскиот раст е на дното како на Балканот така и во Европа.

Она што е посебно алармантно е зголемувањето на долгот на државата кој според преценките на сите светски реномирани институции се очекува да надмине над 50 % што е екстремно опасна состојба.