
Македонската кошаркарска репрезентација вчера стигна до една од најзначајните победи во овој циклус квалификации, откако среде Минск падна селекцијата на Белорусија. Со оваа победа „црвено-жолтите“ остануваат на чело на групата, со огромни шанси за пласман на Евробаскет 2015.
Она што треба да се издвои е дека шутот во нашата репрезентација функционираше беспрекорно, додека останататите вредности кои го красеа нашиот тим во Белорусија се веќе добро познатите, дисциплина во играта и оставање на срцето на терен, она што Џикиќ го бара од своите избраници на секој меч.