
Македонија рај во срцето на Балканот! Вака е опишана нашата земја во едно полско видео кое има за цел да им ја прикаже на Полјаците Македонија како место, кое вреди да се посети.
Скопје и центарот како негов репрезентативен дел, со плошдадот „Македонија“, Кемениот мост, уникатниот аквадукт кој датира од Римскиот период, скпското Кале, старата македонска архитектура, цркви и манастири, Охрид, македонскиот фолклор…
Ова промотивно видео предизвика бројни позитивни коментари од Полјаци кои веќе ја посетиле нашата земја и со задоволство ја препорачуваат како атрактивно туристичко место.
Погледнете го видеото: