Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во елитните квалификации за Европското првенство до 19 години.
Во групата 2 со „црвено-жолтите“ се Англија, Унгарија и Летонија.
Македонија пред жрепката беше носител, со оглед на првото место во групната фаза од претквалификациите во конкуренција на Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн.
Европското првенство ќе се игра во Финска во јули следната година.