Македонската кошаркарска репрезентација ќе биде во вториот барабан по квалитет на ждребот за квалификациите за Европското првенство во Украина во 2015 година. Вкупно ќе има седум групи, а во секоја селекција ќе одигра по шест натпревари. На првенството ќе учествуваат 24 репрезентации, а пласман веќе обезбедија Франција, Литванија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Србија, Украина и Естонија.
Ждребот за квалификациите ќе се одржи на 3. февруари во Барселона, а Македонија се наоѓа на 11. место на ранг листата на ФИБА-Европа. Квалификациите почнуваат на 10. август, а завршуваат на 27.август.
Неколку селекции имаат конкурирано за вајлд – карта за Светското првенство во Шпанија, годинава (тие што ќе добијат вајлд – карта за СП нема да играат квалификации за ЕП), но и покрај тоа, Македонија во никој случај не може да скокне во првиот барабан според квалитетот.