Многу топлото време со натпросечна максимална температура се очекува и денеска, а жолта алертна фаза е најавена во Охридско, Преспанско, Тетовско, Гостиварско, Кичевско, како и во југоисточните делови на Македонија.
Температурата ќе се движи од 30 до 38 степени.
За попладне е најавена локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во скопската котлина со услови за локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.
Топлото време според најавите ќе продолжи до крајот на месецот кои насекаде ќе надминуваат 30, а долж Повардарието и 35 степени. Ултравиолетовото зрачење ќе биде многу високо, а вредноста на УВ индексот ќе изнесува 9.
Услови за појава на локален пороен дожд и грмежи ќе има во вторник во попладневните часови, кога не е исклучено овие процеси на места да бидат поинтензивни. Услови за нестабилност ќе има и во скопската котлина, особено во понеделник.