Фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од една позиција на најновата ранкинг листа на ФИФА.Нашиот национален тим, 2013 година ќе ја заврши на 83. позиција, а кога е во прашање првата “десетка” таму нема ниту една промена.
И понатаму лидерската позиција е резервирана за актуелниот светски и европски шампион, репрезентацијата на Шпанија, а веднаш зад “црвената фурија” се репрезентациите на Германија, Аргентина, Колумбија, Португалија, Уругвај, Италија, Швајцарија, Холандија и Бразил.