Додека Македонија вчера одбележуваше три години од терористичкиот напад во Диво Насеље и им оддаваше почит на загинатите полицајци, македонскиот премиер беше во посета на Рамуш Харадинај, премиерот на Косово чии соборци пукаа и убиваа македонски полицајци.
Харадинај вчера на неговиот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели фотографија од посетата на Заев во неговиот дом во Приштина.
Заедно со Анитен, го поздравивме нашиот домашен пријател и мојот македонски колега, Зоран Заев, со неговата сопруга, Зорица, со желба нашето пријателство да се одрази и на односите меѓу нашите две земји и народи, напишал Харадинај.
Не спорно двајцата премиери да соработуваат и да другаруваат, но македонскиот премиер не го избрал најпогодниот термин за тоа.