Денекас Директорот на Здравствен дом „Д-р Светозар Чочороски“ Вевчани, Боро Пешиноски и Градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски примија донација вредна 150.000 американски долари од Снежана Ставреска која живее и работи во САД, а потеклото по мајка и е од Вевчани.
Беа донирани еко колор доплер апарат, Пиштол за корбиопсија;12 канален ЕКГ апарат; Холтер ЕКГ апарат за 24 часа следење на срцева работа.
Со оваа донација се прошируваат дијагностичките можности на Здравствениот дом со нови дијагностички процедури и техники.