На граничниот премин Прешево е фатена Македонка која се обидела да рошверцува 100 ампули со тестостерон.
Таа ги криела ампулите со машки хормони во крзнени зимски чизми спакувани во рачна торба.
Цариниците извршиле контрола на автобусот кој сообраќал на релација Скопје – Цирих и при тоа во сомнителните крзнени чизми, невообичаени како обувки за овој период од годината, ги нашле ампулите со тестостерон.