Вистински хорор се случи вчера во Србија. На автопатот Белград-Скопје, недалеку од местото Предејане се случила тешка сообраќајна несреќа.
Според српската национална телевизија, несреќата се случила вчера околу 15 и 30 часот, а во неа учествувале осум возила, еден камион, едно комбе и шест патнички моторни возила.
Десет луѓе се повредени, а меѓу повредените има и четири деца како и македонската државјанка Велнтина Стефановска од Куманово. Македонската држајванка со тешки повреди е префрлена во болницата во Врање откако во нејзиниот автомобил удрило товарно возило по што настанал верижен судир.
Очевидци велат дека верижниот судар се случил меѓу камион кој доаѓал од правец на Лесковац, но свртел во спротивната страна на коловозот и удрил во комбе, па потоа во камион што превезувал трупци, се одбил и продолжил понатаму.
Детали за здраствената сотојба на Македонката се најавуваат за денеска.
ФОТО: blic.rs