Македонка за малку ќе се породела на граница

Една македонска државјанка за малку ќе се породела во автобус во текот на граничната контрола на границата меѓу Србија и Хрватска.

Хрватската полиција соопштила дека возачот на автобусот на една македонска превозна фирма, во четврток од граничната контрола на излез од Хрватска побарал лекарска помош за една 28-годишна жена, во поодмината бременост.

На патот кон болница, Македонката околу девет часот во возило на Брзата помош родила девојче.