Македонска делегација на Самитот на НАТО во Кардиф

Министрите за одбрана и надворешни работи на Република Македонија, Зоран Јолевски и Никола Поповски, заедно со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Генерал потполковник, Горанчо Котески и Амбасадорот на Република Македонија во НАТО, Мартин Треневски денеска и утре ќе учестуваат на претстојниот Самит на НАТО алијансата што се одржува во Кардиф.

За време на Самитот, министерот Јолевски ќе има свое обраќање на состанокот на министри за одбрана посветен на Платформата за интероперативност. Воедно, министерот Јолевски, ќе оствари повеќе билатерални средби со неговите колеги од земјите членки на Алијансата.

На Самитот ќе биде организирана и посебна сесија на ниво на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО со четирите кандидати за членство – Република Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија. Во овој формат ќе се дискутира и за политиката на проширување на Алијансата.

Министерот Попоски во Кардиф ќе ги изнесе македонските видувања во поглед на одложеното членство од 2008-ма година и напорите кои се вложуваат за негова реализација, како и очекувањата од аспект на партнерскиот однос кој го имаме, по констатацијата од Меѓународниот суд за правда за прекршување на меѓународното право од една земја членка на НАТО.