![њујорк Што се крие зад прекарот на светските метрополи?](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/02/njujork.jpg?resize=696%2C456&ssl=1)
Македонска дипломатка се самоубила на новогодишната ноќ во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, објави Фокс њуз.
Таа била испратена во постојаната мисија во ООН, а пронајдена е од полицијата со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви без знаци на насилство.
Според изјавите на домарот на зградата, таа на четвртиот кат живеела сама две години.
– Тука живееше две години. Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност. Вчера доктори дојдоа горе, со амбулантно возило. Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично. Ја побара неа – изјавил Хернан Авила, домарот во зградата за Фокс њуз.
Медиумот наведува дека од официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела таа, засега не добиле одговор.