Македонска музика вечерва за дочек на Новата 2025 во Скопје

Музичката програма за дочек на Новата 2025 година во Скопје ќе биде со македонски изведувачи. На плоштадот „Македонија“, Град Скопје организира концерт кој започнува во 19.30 часот со Сара Мејс. По неа, ќе настапат групите „Љубојна“ (20.30), „Ареа“ (22.00) и „Нокаут“ (23.30).

Општина Кисела Вода ќе го организира дочекот на платото пред спортската сала „Расадник“. Концертот започнува во 20.00 часот, а настапуваат „Куку Леле“, „ДНК“, Врчак и Влатко Лозановски. Вечерта ќе ја води Игор Џамбазов, кој ќе настапи со „Гуру Харе бенд“.

Од 10.30 часот, Општината организира и целодневна програма: настапи на Балетското студио „Лебед“, Бисера Мојаноска, театарската група „Театар за тебе“, а за најмладите ќе има аниматори и Дедо Мраз.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги покани сите скопјани на незаборавна забава, додека градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, најави новогодишна прослава на плоштадот со ромска музика од 12 часот до утринските часови.