Македонска народна тупаница

Позната е мислата дека големината на луѓето се определува од нивните мечти. Бидејќи народите се мноштво луѓе, излегува дека тоа се однесува и за нив.

ВО СУШТИНА, ВИСТИНАТА Е ДЕКА НЕ СЕ МЕЧТИТЕ И ФАНТАЗИИТЕ, ТУКУ ЦЕЛИТЕ СЕ ТИЕ КОИ ЈА ОПРЕДЕЛУВААТ ГОЛЕМИНАТА НА ИНДИВИДУИТЕ И НА НАРОДИТЕ. ГОЛЕМАТА ЦЕЛ ГИ МЕНУВА ЛУЃЕТО, ИМ ДАВА НОВА КАРАКТЕРИСТИКА, ГИ ПРЕРОДУВА.

Новите тенденции во Европа не се изненадувачки за македонскиот народ. Тие ги изненадија само одродените македонски политичари, фалшиви интелектуалци и новинари. Македонскиот народ до ден-денес ја покажа својата мудрост и храброст одлучно да го брани своето име (идентитет), својата историја, јазик и култура. Во децениите по 1989 година, кога другите балкански земји (со изклучок на Србија) и поранешните социјалистички држави од Источна Европа активно ги прифаќаа фашистичките принципи на САД и на Брисел, македонскиот народ остана скептичен како во однос на НАТО, така и во однос на ЕУ.

ДЕНЕС ДРЖАВИТЕ КАКО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, НАРОДИТЕ КАКО ШТО СЕ: ГЕРМАНСКИОТ, УНГАРСКИОТ, КАТАЛОНСКИОТ, МОЛДАВСКИОТ, БУГАРСКИОТ ИТН. СЕ БОРАТ:

1) против своите политичари кои им се улизуваат на САД и на Брисел;

2) против досегашните светски центри на моќ.

Антиамериканизмот (антифашизмот) повторно како во периодот од 1941-1944 година ја разбранува Европа. Во Молдавија и во Бугарија народите им удрија моќна шлаканица на своите американски марионети. Денешната кратка колумна ја пишувам по изминатите дваесеттина часа откако генералот Румен Радев стана претседател со 23 отсто предност пред куриозитетната кандидатка на ГЕРБ и Борисов, Цецка Цачева, која може да биде споредена со Катица Јанева. Безпаметна марионета, која досега го командуваше бугарското Собрание и вулгарно се навредуваше со пратениците и народот слично на својот патрон – премиерот Борисов. Американските марионети насекаде се одвратни – Мило Ѓукановиќ во Црна Гора, Борисов во Бугарија, Меркел во Германија. Од таквите како нив народите почна со прочистување. Ѓукановиќ голема победа однесе во наместени избори, но и тој си замина. Борисов исто ќе си оди. Слична е состојбата и во Молдавија, а во Турција Ердоган го задуши пучот против него.

Само идиоти не успеаја да ја предвидат победата на Трамп во САД. Во прашање не е самиот Трамп – тој е еквивалент на некогашниот Горбачов во СССР. Битно е друго – светот е исправен пред тенденција како во 1989 година, само со МНОГУ ПО-ГЛОБАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ ОТТОГАШ.

Какви се тие последици:

1) Светот ќе оди по нов пат, различен и од тој до 1989 и од тој меѓу 1990 до денес. Се ближи крајот на американската империја, како и крајот на ЕУ.

2) Народите и нивните држави си го враќаат игубениот суверенитет во однос на ЕУ и САД.

3) Веќе нема двојните стандарти и безпринципните економски и воени блокови да имат одлучувачко значење, туку и вредностите и боречкиот дух на самите народи.

СО ДРУГИ ЗБОРОВИ, ДОАЃА ВРЕМЕТО НА НАЦИОНАЛНАТА ОДГОВОРНОСТ И ПАТРИОТИЗМОТ. ДОАЃА ВРЕМЕТО НА АВТЕНТИЧНИОТ НАРОДЕН КАРАКТЕР И ПОДЕМ.

Политичките елити во Молдавија, Црна Гора и во Бугарија се во паника. Жалам што македонските гледачи не биле во можност да го видат стравот во очите на криминалецот Борисов, кој што на прес-конференцијата по загубените избори го свитка ’рбетот пред новинарите. Слично на Заев, Ѓукановиќ и на другите кандидати за затвор.

Ете зошто, МАКЕДОНИЈА Е НА ПРАВИОТ ПАТ, НО МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИМЕР КАКО И ВО МИНАТОТО НА ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ДОСЕГАШНАТА СТАПИЦА – БАЛКАН И НА ДРУГИТЕ ЕВРОПСКИ ДРЖАВИ. НЕМА СОМНЕЖ ДЕКА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД УШТЕ ЕДНАШ ЌЕ ЈА ПОКАЖЕ СВОЈАТА ПРЕДНОСТ И ЗРЕЛОСТ НА 11 ДЕКЕМВРИ, КОГА ЌЕ ГИ ПРАТИ НА ГУБИЛИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА СИТЕ СОРОСОИДНИ И СДСМ-ОВСКИ БАНДИТИ, СИТЕ МАКЕДОНСКИ ЏЕЛАТИ, ОДРОДНИЦИ И ПЕТТОКОЛОНАШИ. ТОГАШ ЌЕ СЕ ВИДИ ДЕКА МАКЕДОНСКИТЕ НЕПРИЈАТЕЛИ СЕ ЏИНОВИ НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ, КОИ БЕЗ ПОДДРШКА НА САД СЕ НИШТО. 11 ДЕКЕМВРИ МОРА ДА БИДЕ НАЧЕЛО ЗА МАКЕДОНСКО ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД НАДВОРЕШНА И ВНАТРЕШНА ОКУПАЦИЈА!

П.С.  Пред неколку денови бев сведок и жртва на германскиот фашизам на аеродромот во Франкфурт. Таков претрес на патници, таква ароганција не сум видел ни во Тел Авиф, каде што безбедносните мерки можеби се најјаки во светот. Германците веќе се плашат и од својата сенка и има зашто. Од една страна – терористите, кои се ставаат во улога на провокатори како американски марионети. Од друга страна – Русија, која продолжуваат да ја провоцираат, пак, со иста улогата од марионети. Само што злобата и омразата нема да ги спаси. Овој пат фашизмот во Германија како и во САД ќе биде погребан.