Здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со федералниот и меѓународен фестивал „La Luna Con Gatillo“ организираат онлјан претставување на македонска поезија во Буенос Аирес, Аргентина.
Домаќин на настанот е Леонардо Гастон Херман, модератор ќе биде Митко Гогов, додека со своја поезија ќе се претстават Драгана Евтимова, Дарко Лешоски, Ива Дамјановски, Исток Улчар, Марина Шокева и Перо Сарџоски.
Шестото издание на „La Luna Con Gatillo“ е организирано од Меѓународната федерација на писатели и писатели за слобода (FIEL) и Voices of the Wind од Аргентина и во текот на април организираат секојдневни настани од областа на културата како во живо така ионлајн, па освен презентацијата на македонска поезија во програмата имаат презентација на европски автори, поети од Колумбија, Мексико итн.
Македонија е по втор пат дел од оваа културна размена на искуства и во иднина се планирани други настани преку кои Аргентина ќе се запознае со актуелната книжевна и ликовна сцена.