Македонската дијаспора: Не сме странци, имаме право на глас!

Македонците кои живеат во Мичиген, САД денеска реагираа со соопштение во кое велат дека одредени субјекти сакаат да ја оспорат, релативизираат и проблематизираат улогата која дијаспората ја имала во афирмација на македонската култура и национален идентитет.

Македонците во САД: Нашето право на глас да не биде предмет на политички калкулации

Македонците од овој град сметаат дека по нивната долга борба на избирачко право била оживеана нивната врска и поврзаноста со семејствата и татковината. Токму затоа велат дека тие не се странци, туку се дел од корените на македонското битисување, па согласно на тоа бараат нивното право на глас за време на изборите да не им се укинува.

Бараме да се гарантира избирачкото право на сите државјани на Република Македонија кои живеат надвор од нејзините граници и истото да не биде предмет на политички калкулации. Да се олесни процедурата за пријавување и остварување на право на глас на лицата кои веќе еднаш гласале во дијаспората и да се овозможи без било какви ограничувања да се оствари избирачкото право во најблиската амбасада во рамките на една изборна единица, се вели во соопштението од Македонското друштво „Скопје“.

Тие додаваат дека бараат итна интервенција по наведените точки и нивно неодложно спроведување.

 

 

Опозициската СДСМ предложи да се укине право на глас на дијаспората.