![MNR-960x597](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/MNR-960x597.jpg?resize=696%2C433&ssl=1)
Министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи објави фотографија од салата во спортскиот центар Борис Трајковски која е пренаменета во конференциска сала за претстојниот самит на ОБСЕ во Скопје, со порака „спремни сме“.
Владата реши сите вработени во јавната и државната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември да работат со скратено работно време до 12 часот, а 30 ноември за нив да биде неработен ден, кој нема дополнително да се одработува.
Министерството за внатрешни работи денеска од 9 до 12 часот врши генерална проба за спроведување посебен режим за сообраќајот во Скопје и денеска од 9 до 12 часот ќе бидат затворени повеќе улици во градот.