Македонската кик бокс репрезентација со четворица натпреварувачи на СП во Унгарија

Македонската кик- бокс репрезентација ќе ја претставуваат четворица млади кикбоксери на Светското првенство во Будимпешта за кадети и јуниори кое стартува денеска а ќе се одржи и до 1. септември.

На собирот на најдобрите млади кикбоксери во светот ќе се натпреваруваат Марија Димовска во лоу кик (-60 кг) во категоријата млади јуниори, Силвио Мировски (лоу кик, -71 кг, постари јуниори), Максим Митровски (К1, -71 кг, постари јуниори) и Лука Змејкоски (лоу кик, +81 кг, помлади јуниори).

На Светското првенство најавено е учество на повеќе од 3000 натпреварувачи од целиот свет.