Македонската компанија „Сајтрокс“ се најде на „црната“ листа на САД поради шпионски софтвер, заедно со уште три други фирми поврзани со истото тоа, од Грција, Ирска и од Унгарија.
Според соопштението на Министерството за трговија на САД овие фирми работеле спротивно на американската национална безбедност и надворешно политичките интереси на САД. Компаниите се санкционирани поради обиди да добијат пристап до информациски системи со цел да ја загрозат приватноста и безбедноста на поединци и на организации низ светот.
Претходно, македонската компанија „Сајтрокс“ во декември 2021 година беше додадена на „црната“ листа на Фејсбук заедно со унгарската компанија „Мајка“ поради злоупотреба на мрежа за шпионажа на корисници. Тие беа дел од седумте компании кои Фејсбук ги блокираше поради сомневање за шпионажа и злоупотреба на податоци.