
Македонската Компанија „ХАЦАТ” – Скопје е добитник на Меѓународна златна награда за кетеринг, безбедност и дистрибуција на болничка храна. Наградата „ЕРА“ и беше доделена во Женева, Швајцарија, објави МИА.
„Врз основа на долгогодишниот развој, професионалната надградба и успешното менаџирање докажано од страна на „ХАЦАТ” – Скопје, Меѓународниот комитет на “ BID Group One” и доделува Специјална Награда на „ХАЦАТ”- Скопје за совршеност и иновација во златна категорија“, соопштуваат од компанијата.
Наградата на компанијата „ХАЦАТ” ја прими генералниот директор Лазар Војноски, a беше доделена од страна на претседателот на “CEO of BID Group One” , Хозе Е. Прието.
Македонската компанија „ХАЦАТ” повеке од 10 години го снабдува со храна Клиничкиот Центар во Скопје. Секојдневно изработува и дистрибуира 36 различни диети за болните во Клиничкиот Центар – Скопје. Испораката на храната до пациентите се одвива по најсовремен и најбезбеден систем на дистрибуција.